Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на прес-конференција, како што истакна, продолжи да ја разоткрива мрежата на СДСМ за корупција, непотизам, протекционизам и кронизам во Охрид, каде што Миле Зечевиќ, генералниот секретар на СДСМ, ја поставил Кристина Крлеска Деспотоска за главна во ОО.

Како што потенцира Стоилковски, роднинските врски и биле единствен критериум за ова место.

Зечевиќ можеби верува само во тесни роднински врски, па да почнам.

 

1. Кристина Крлеска Деспотоска со таа роднинска моќ, по 4 години директор во ЈП Пазар, по смена на локалната власт, е преместена на функција Директор на централен регистар Охрид, но веќе е покрената истрага од надлежните институции, заради сомнеж за фалсификувани документи.

 

2. Заради семејните врски со Зечевиќ, сопругот Климе Деспотоски станува близок оперативец на Зечевиќ. И од тоа има ќар. Климе и Кристина имаат печатница Коста Абраш. Додека Кристина сопругата е директор на ЈП на Општина Охрид, нивната фирма од 2017 до 2021 има договори со општински ЈП (Водовод, Комуналец, Нискоградба) во вредност од 8.453.000 денари.

 

3. Мрежата на Зечевиќ преку роднините Климе и Кристина потоа се шири. Ремзи Курто со доаѓањето на Кристина на чело на СДС Охрид е унапреден во виш инспектор во охридската полиција, главен за резервниот состав и близок на Климе. Тој прима 19 резервисти пред два месеци, иако дел од нив не биле дел од составот, ниту пак се знае како е дојдено до нивно ангажирање.

 

Со својата блискост, и пријателствување со Кристина и Климе, сопругата на Ремзи, Сервет, лани е унапредена во Пазарен инспекторат. Одам понатаму.

 

4. Милчо Јованоски, партиски пишувач на соопштенијата и текстовите за Кристина и СДС Охрид. Како заслуга, СДС го наградува со две директорски места во исто време. Тој директор на библиотеката Прличев, жена му Гордана директорка на ЈП Билјанини извори.

 

5. Блискиот пријател на Кристина и Климе и оперативец на Зечевиќ, Ванчо Костоски, соработник на СДС, советник во општина Охрид и претседател на ВМРО НП. Како Директор на ЈП Гробишта Охрид 2017-2021 има три кривични пријави. Како награда, лани, сопругата на Ванчо, Виолета Костоска е вработена во историскиот Архив.

 

Наградата за оперативната мрежа на СДС преку Зечевиќ и неговата роднина Кристина има цел кластер во МВР. И за таа работа и посветеност кон Зечевиќ цели семејства се вработувани.

 

Оперативци на Зечевиќ и блиски на Кристина во с. Свињиште, Охрид.

 

6. Сашо Смилески, до пред година и пол началник на СВР Охрид, сега помошник директор во БЈБ; Оддел за гранични работи и миграции.
Неговата сопруга Наташа Смилеска , помошник раководител на сектор во општина Охрид

 

Негов оперативец е Оливер Неделкоски, вработен како Сектор за внатрешна контрола, претходно командир на сообраќајна полиција

-Билјана Неделкоска -сопруга на Оливер Неделкоски е началник на ОКП во СВР Охрид.

– Прв братучед, роднина на Билјана Неделкоска, Трајче Ристески – помошник командир на полициска станица за Сообраќај.

И оттука се селам на кластер СДС МВР Вевчани

 

7. Тука Сашо Јанкоски, екс градоначалник од СДС Вевчани, сега е началник на стопански криминал Охрид, тој е прв оперативец на Миле Зечевиќ во регионот и близок соработник на братучетка Кристина.

 

За благодарница сопругата му Кети Јанкоска е поставена за директор на средното училиште Нико Нестор во Струга.

 

Внукот Стојан Галичариски е вработен во Здравствен Дом Вевчани
А внуката Бонета Галичароска, по негови стапки, е вработена на последниот оглас во МВР.

 

За сите овие да имаат послушност кон Миле Зечевиќ е задолжена неговата братучетка Кристина Крлеска Деспотоска.

 

Ваквите мрежи на непотизам, кронизам и протекционизам, ја уништија Македонија, ги уништија Јавните претпријатија, а МВР го претворија во послушници и одработувачи на СДС наместо за граѓаните и државата.

 

Никогаш не било полошо.

Време е за промени, време е наместо хаосот да завладее ред, изјави Стоилковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.