Ех бре криминалци! Сè што критикувавте и го фативте демек со „реформа“, сè запустивте, па пак се враќате на „вмровското“ решение!, реагира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски до власта.
👉Удривте на рамниот данок, го сменивте во прогресивен данок, направивте дупка во буџетот и зголемена сива економија, пак се вративте на рамен данок!
👉Удривте по растот на пензиите, ги оштетивте пензионерите, ги втурнавте во сиромаштија, сега по четири години го враќате “вмровското” пресметување!
👉Удривте по странските инвестиции и наводно срамната “евтина работна сила”, за сега да се фалите единствено со нивните реинвестиции и единствен извоз!
Па дури и
👉Удривте по дигитализација и компјутер за секое дете, за да лани (ееј!!!) конфискувате и забранувате книги во образованието!!!
Од сето ова; направивте “просјак” држава за леб, струја и лекови; сиромашна земја од каде се’ што е младо сака (и најчесто) бега, земја без нови реални фабрики, туку полиња на дрога и (сега) полиња на соларни панели; за да Македонија остане земја на сиромашни пензионери и “неписмени” деца!
Ете тоа го направивте во овие 5 (ПЕТ) години со експериментите на неспособните криминалци!
🔥Само чекам да видам која фирма и институција ќе ја закачите на струја од Заев!? Од каде крв ќе доцицувате?
👇Видете им ги пораките од пред само шест месеци, не треба повеќе
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.