Со Ковачевски и Ахмети наместо во ЕУ, Македонија отиде во друштво со Суринам, Индија и со Тунис, рече на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски одговарајќи на медиумско прашање за новиот Индекс за перцепција на корупција на Транспаренси, каде што Македонија има само два бода повеќе од лани и е на дното во регионот.
Тоа е така зошто криминалот и корупцијата станаа заштитен знак за премиерот со бизниси во енергетика и фирми чие броило се зголемува додека салдото на граѓаните на намалува и народот осиромашува, истакна Стоилковски.
Портпаролот додаде дека со Ковачевски и Ахмети наместо во ЕУ, Македонија отиде во друштво со Суринам, Индија и Тунис. Додека народот во Македонија осиромашува и гладува, Ахмети живее како султанот од Брунеи во тврдина со ѕидови и капии.
Тоа е така зошто додека народот гладува, Ахмети од Зајас живее како султанот од Брунеи во тврдина со ѕидови и капии од каде што не се гледа колку народот е сиромашен. Ова е брука за владата за која е сигурно дека е најлошата и која што треба да си замине час поскоро, рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.