Министерството за образование и наука информира дека Владата на Романија почна програма за стипендирање државјани на Република Македонија за академската 2024/2025 година.
Владата на Романија доделува пет стипендии за магистерски студии, пет стипендии за докторски студии и пет стипендии за учество на летни курсеви за романски јазик, култура и цивилизација. Апликациите за овие стипендии треба да се достават до архивата на Министерството за образование и наука, најдоцна до 5 јули 2024, наведува МОН во објавата.
Потребните информации за овие стипендии и формуларот за апицирање за заинтересираните кандидати се достапни на веб-страницата на МОН.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.