САД сметаат дека одговор на прашањето за можно одвојување на процесите на пристапни преговори на Македонија и Албанија со ЕУ по јуни треба да дадат засегнатите страни и Унијата.
На прашање од МИА дали САД се согласуваат на одвојување на процесот за Албанија да ги започне претпристапните преговори со ЕУ во јуни, а Македонија да остане поради блокадата на Бугарија, портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс, синоќа на брифинг изјави дека за тоа решаваат земјите во ЕУ.
Ние имаме билатерални партнерства со земјите за кои станува збор, како и со ЕУ и во врска со ова подобро е да се обратите до овие земји и до Унијата, изјави Прајс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.