Родителите бесно реагираат на одлуката на Владата учебната година да почне на 1 септември, а првото полугодие да заврши на 29 декември 2023 година.

Од 30 декември учениците ќе користат зимски одмор, а второто полугодие почнува на 22 јануари. Во периодот од 29 април до 5 мај 2024 година, учениците ќе бидат на пролетен распуст. Учебната година ќе трае до 17 јуни, а летниот одмор почнува на 18 јуни и завршува на 31 август 2024 година, информираше вчера МОН.

По ова следуваа лавина на коментари во кои родителите, но и дел од наставниот кадар, бараат објаснување зошто се донела оваа одлука и, секако, како таа ќе помогне во подобрувањето на образовниот систем.

Во дел од коментарите се вели:

Каков пролетен распуст е тоа кога матурантите завршуваат најдоцна до 20 мај? Кога ќе има време да ги довршат училишните обврски – од 5 до 20 мај? Секако имаме слободни денови со Велигден и 1 мај, зошто има потреба од повеќе слободни денови во тој период? А во првото полугодие во период од 4 месеци нели е подобро да се направи краток распуст после првото оценување? Во јуни во неклиматизирани училници која ќе биде ефикасноста на часовите? Дали некој воопшто размислува во министерството или туку така се донесуваат одлуки? 

 

Каков пролетен распуст??? Во седмица со најмалку работни денови, први мај и трети мај Велики Петок???? Пролетен распуст од 3 дена. Бесмислица!!!!

 

Клима уреди кога ќе почнете да поставувате во училниците? Пред да донесувате вакви одлуки, треба да створите ускиви . А учебници ќе има ли?

Во дел од коментарите се потенцира и дека 6 мај 2024 година е неработен ден, бидејќи на него се паѓа Велигден, државен празник.

Засрамете се, секој има календар во телефонот. 6 мај Е НЕРАБОТЕН! ЗНАЧИ ТРЕБА ДА ВИ СЕ ЦРТА И КАЛЕНДАР? сега треба наново да носите одлука со корекција. Неписмени!, се вели во другите коментари.

Коментарите под објавата на министерот Јетон Шаќири беа исто толку жестоки и негативни, но од утринава беа отстранети од страна на администраторот на неговата официјална ФБ страница.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.