Ако ќорсокакот во којшто СДСМ и ДУИ ја донесоа Македонија, а за што и Филипче лично има огромна улога, го нарекува европски пат… тогаш оправдани му се сомневањата. ВМРО-ДПМНЕ нема намера да ја носи Македонија во ќорсокак. Нашиот пат е јасен, а тоа е целосна интеграција во ЕУ со сочувано достоинство и на државата и на народот и особено борба со корумпираните политичари заради чии интереси сме овде каде што сме – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ; откако денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир, му рекол дека е загрижен за политиките на новата влада околу евроинтеграцијата. Но и за правецот во кој оди земјата.
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат:
Ако патот на Филипче значи живи луѓе да горат во болница, а него мува да не го лази, или пак тендери во здравство да добиваат фирми за јужно овошје, или пак да се склучуваат договори за најскапа стерилизација во светот, тогаш Филипче треба да е сигурен дека тоа не е патот кој го следи оваа влада.
Патот на оваа влада е да ја врати државата на народот, да имаме напредок кон ЕУ со реформи и зачувано достоинство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.