Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска ќе ја промовира кампањата „Ние сме Европа“.

Претстојната кампања „Ние сме Европа“ ќе ја спроведува Секретаријатот за европски прашања, во соработка со Владата на Република  Македонија.

Граѓаните се сеќаваат на кампањите кои ги правеше власта пред Договорот од Преспа.Тогаш имавме Гласајте за 500 евра просечна плата“ како и За бесплатни здравствени услуги“.

За оваа кампања е неразбирливо зошто гласи „Ние сме Европа“. Дека ние сме Европа е факт, згора на тоа Европа е географски поим. Она што власта не го споменува е ЕУ која кај граѓаните не е на добар глас.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.