Владата на Република Македонија, во соработка со проектот на Европската Унија „Зголемување на атрактивноста инклузивноста и релевантноста на стручното образование и обука и образованието за возрасни“ (ИАИР), донесе одлука две средни општински училишта од Струмица и Велес да прераснат во регионални центри за стручно образование (СО).

Станува збор за училиштата „Никола Карев“ од Струмица и „Коле Неделковски“ од Велес, кои со помош на Европската Унија ќе бидат целосно реконструирани.

По тој повод, ќе се одржат и две регионални конференции „Улогата на регионалните СОО центри за подобрување на системот за СОО во источниот регион“.

На конференциите ќе присуствуваат претставници на повеќе владини институции, на Делегацијата на Европската Унија, градоначалниците на општините во регионот, како и претставници од тимот на проектот ИАИР.

Во име на Министерството за образование и наука ќе се обрати државниот секретар, Билјана Казанџиска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.