Средби на Александар Николоски со министерот за надворешни на Хрватска Гордан Грлиќ Радман и со пратеничката Маријана Петир, потврдена поддршката за Македонија и ВМРО-ДПМНЕ
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во рамки на посетата на Загреб, оствари средби со министерот за надворешни работи на Република Хрватска Гордан Грлиќ Радман и со пратеничката во Хрватскиот Сабор, Маријана Петир.
Потпретседателот Николоски ги информираше соговорниците за актуелната политичка и економска состојба во Македонија, активната блокада во Собранието, како и за барањето на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори како единствен излез од политичката криза, но и останатите кризи во кои се наоѓа земјава како резултат на погрешните политики на власта.
Николоски информираше за високата корупција во власта на Македонија и потребата од борба против корупцијата која е најголем непријател во функционирање на граѓаните.
На средбите беа разменети мислење за пријателството и одличните билатерални односи кои ги имаат Македонија и Хрватска.
Од страна на потпретседателот Николоски беше истакнато барањето за почеток на преговори на Македонија со Европската Унија затоа што тоа го заслужуваат македонските граѓани.
Николоски се заблагодари за силната поддршка која Хрватска ја дава за Македонија на патот кон Европската Унија, како и за силната поддршка која владејачката ХДЗ ја дава на ВМРО-ДПМНЕ како сестрински партии во рамки на Европската Народна Партија.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николоски во рамки на настанот за 40 највлијателни личности под 40 години организиран од пријателите на Европа, на бројни средби ги отвори прашањата важни за Македонија како што се борба со корупцијата и економски развој и напредок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.