Кандидатот на СДСМ, кој бара втор мандат да е претседател на Македонија, Стево Пендаровски, како да заборава дека сè уште е претседател, па на неговите митинзи го пробива и дното на јавни испади, кое претходно го држеа претседателите на партијата, Зоран Заев и Димитар Ковачевски.
Пендаровски продолжува со навреди и омаложување на неговата противкандидатка, професорката Гордана Силјановска Давкова во секој негов говор, а денес без срам се изнасмеа кога поддржувач на СДСМ ја нарече баба.
Од другава страна оваа што ја дигаат до небеса, јас ќе ви кажам само едно, од баба невеста не бива!, вели возбудениот поддржувач, по што Пендаровски слатко си се смее.
Како да заборави дека и самата е жена, на оваа „шега“, се смее и портпаролката на партијата, Богданка Кузеска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.