Спортско Радио 90,3 фм изразува голема благодарност до македонскиот претседател Стево Пендаровски, кој ги прими поканетите гости на јубилејниот турнир во мал фудбал, меѓу кои и познати лица од Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија. Меѓу познатите имиња радиото ја наведува и хрватската пејачка Нивес Целзиус, заради чие фотографирање со Пендаровски и бакнежите за неговата гарда утрово имаше реакции во медиумите и јавноста.
Радиото наведува кои лица биле на приемот:
Присуствуваа светскиот и олимписки првак во ракомет со селекцијата на Хрватска, Горан Шпрем, ТВ водителот Франо Риѓан, пејачот Кристијан Рахимовски, стенд ап комичарката Марина Орсаг, пејачката Нивес Зељковиќ Целзиус, пејачката на групата “Учитељице” Андреа Пашкван, водителот Далибор Петко, пејачот на групата “Бегини” Далибор Будиншчак.
Од Србија фудбалерите Драгиша Биниќ и Марко Ѓуровски, хип хоп уметникот Нигор, актерот Марко Гиздавиќ, од Босна и Херцеговина спортскиот коментатор и фудбалер Керим Приганица, новинарот и писател Салем Сеховиќ, фудбалерот и тренер Кемал Алиспахиќ, новинарот-уредник Синан Синановиќ.
Меѓу членовите на македонската репрезентација на овој турнир беа и Саша Ќириќ, Кочо Димитровски, Панче Ќумбев, Артим Шаќири, новинарот Зоран Михајлов, некогашниот фудбалски судија Гоце Попев, актерот Никола Ристановски, кошаркарската легенда Пеце Наумовски и други.
Јубилејното издание на турнирот кој се играше на терените на ФФМ, ќе се памети и по финалето меѓу репрезентациите. За првпат се оформи комбиниран тим од членови од БиХ, Хрватска и Србија кој играше против екипата на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.