Социјалистичката партија на Македонија укажува на фактот дека единствениот виновник за македонскиот евроинтегративен дебакл е Владата, односно криминалните партии СДС и ДУИ.

Вчерашниот ден е тежок пораз на Македонија по заслуга на губитниците од актуелната власт.

Овие импровизатори од таканаречениот “Европски” и криминален фронт останаа на дното на листата за отпочување преговори.

Со својата неукост дозволија две држави со дискутабилен територијален статус, со отворени воени дејствија и угасена демократија да имаат приоритет во однос на скоро две деценискиот кандидатски статус на Македонија.

И покрај опозициските предупредувања со прифаќањето на антидржавната преговарачка рамка, без обезбеден консензус, на Македонија и направија огромна штета.

Оваа ненародна и самопрогласена власт е без излезни решенија затоа што е заглавена во епидемиски криминал и корупција.

Оваа влада на СДС и ДУИ го доби вториот историски најлош извештај од ЕК. Власта постојано добива нови црни листи, опомени за корупција, критики за невладеење на правото и отсуството на елементарни реформи, како и отворени предупредувања за криминални инвестиции, а секојдневност станаа убиствата од страна на нивните монструми додека општество се наоѓа во растурање.

Најголемиот влог на оваа антиевропска и антимакедонска влада е илузијата за ЕУ 2030-та е срушен.

Без чувство за национална припадност и за државна одговорност, умислувајќи се за крупен фактор во меѓународната политика, подлегнаа на европските лажни ветувања и охрабрувања за распродавање на македонскиот идентитет, јазик, историја, култура и менување на уставното име.

Од сите тие остапки Македонија доби едно големо ништо, но загуби многу, најмногу од своето достоинство. Ова е сериозна и голема опомена за нацијата која мора да се крене.

Покрај сознанието за недостојноста на криминалните антимакедонски партии СДС и ДУИ на кои во иднина и било кога да им се одземе правото да ги претставуваат интересите на македонскиот народ и држава, се вели во соопштението на СПМ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.