Протестот е демократско право, но она што се случи синоќа е вандализам, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој утрово ги посети двајцата полицајци на Клиника за неврохирургија.

Во синоќешните настани пред Собранието беа повредени 47 полицајци, од кои двајца потешко.

Синоќешните настани тој ги окарактеризира како вандализам, посочувајќи дека протест е демократско право, упатувајќи порака до политичките партии дека не смеат да организираат насилни протести и насилно уривање на власта.

Министерот кажа дека полицијата привела 11 лица, од кои двајца од нив се малолетни. Според него, нема повредени демонстранти. Полицијата делувала само кон таа група граѓани кои напаѓале.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.