Претседателот на Собранието Талат Џафери утрово на својот фејсбук профил објави три видеа и напиша дека го признава и поддржува правото на протести, но не поддржува насилство и поттикнување на омраза.

Последиците од синоќешното дивеење пред Собранието. Признавам и поддржувам сечие право на протест, на искажување став. Постојано и силно осудувам хулиганство, насилство, поттикнување на омраза, зашто тие не се решение, напиша Џафери на фејсбук.

Дел од медиумите објавија дека по вчерашниот протест против францускиот предлог има искршени стакла и на Министерството за надворешни работи.

Од Собранието информираат дека се уште не се знае колкава е штетата и најавуваат дека дополнително ќе информираат за тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.