Додека чекаме одговор од Пендаровски и Ковачевски за скандалот во МО со балансерот на кој му кумувала Славјанка Петровска, погледнете како министерот за внатрешни, на крај на мандат, на веќе договорен датум за избори, склучува договор на 3 (три) години за изнајмување на принтери, открива денеска пратеникот Драган Ковачки.

Скоро 900.000 евра за изнајмување на принтери!
За тие пари министерот можел да купи 3000 принтери. (!)
Практично, на секои 3 вработени би имало по еден принтер и истите би биле во сопственост на МВР.
Вака, скоро милион евра ќе отидат во ветер, затоа што тие принтери после користењето фирмата си ги зема назад.
Домаќински, нема што. Или провизија е во прашање?, прашува тој, споделувајќи го договорот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.