Сериозен успех на МВР за 2021 во борбата со недозволена трговија со дрога, пресечени 16 меѓународни транспорти на марихуана и хашиш, со одлични резултати во заплената на наркотична дрога во вкупна проценета вредност од 15 милиони евра, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот Фејсбук профил.

Спасовски пишува дека од 2017 наваму раководството на МВР стратешки заземало бескомпромисен став за сериозна борба и спречување на овие појави.

И во 2022, како врвен приоритет останува ефикасниот и координиран одговор, а со краен резултат успешна борба против недозволената трговија со дрога, организираниот криминал и корупцијата, миграцијата, тероризмот, сајбер-криминалот – вели Спасовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.