Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски порача дека ниедна политичка партија не може да го присвои ликот на Гоце Делчев. Тој смирува дека граѓаните можат да бидат сигурни за задутрешниот ден на одбележување.

„ Ниедна политичка партија не може да присвои лик – Гоце Делчев е великан на македонскиот народ!

Граѓаните можат да бидат сигурни – никако нема да дозволиме навреди и организација на понижување на македонската држава и македонскиот народ.

Со мирно и достоинствено чествување ќе покажеме пред светот дека знаеме да ја сочуваме стабилноста и со посебна почит умееме да чествуваме денови кои се посебно важни за нашата историја“ вели Спасовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.