Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на Фејсбук се пофали дека заедно со граѓаните верници присуствувал на Света Божествена Литургија во манастирот „Св. Јоаким Осоговски“, по повод празникот на чудотворецот кој е патрон на манастирот и светец-закрилник на Крива Паланка.

Свети Јоаким Осоговски бил светител и Божји угодник, кој не бил само човек кој правел подвизи и дал пример само за тоа време, туку подвизи за пример за сите генерации, за тоа како се живее со очистено срце и просветлен ум, на еден повисок духовен степен. Во име на подвизите на овој голем светец, на сите православни верници им посакувам добро здравје и духовен мир. Нека е за честит и за многу години празникот на Св. Јоаким Осоговски! – објави Спасовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.