Министерот за внатрешни работи им го честита Рамазан Бајрам на исламските верници.
Почитувани граѓани од исламска вероисповед, во мое и во име на МВР ви го честитам големиот празник Рамазан Бајрам – Бајрам Шериф Мубарек Олсун. Нека крајот на постот и благодетите стекнати за време на Светиот месец на ибадетите и рахметот, на одрекувањето и воздржувањето, ви донесат обнова на духовната сила и ве вдахнат со хуманост, толеранција, меѓусебни почит и разбирање, како вредности кои не обединуваат, а сечиј дом нека биде исполнет со дарови на милост, добрина и бериќет. Со овие мисли, нека биде благословен и честит Рамазан Бајрам, наведува Спасовски во честитката објавена на неговиот фејсбук профил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.