„Она со кое што сега се соочуваме како резултат на предизборната кампања во Бугарија или како резултат на некои други причини, или како резултат на фактот што политичарите нели секогаш многу повеќе се грижат да го освојат следниот мандат отколку следната генерација на граѓани кои што доаѓаат, сме сведоци на една навистина радикална реторика од страна на Република Бугарија“, истакна Александар Спасеновски во гостување во емисијата „Вин вин“ на Телма телевизија.

Спасеновски додаде дека доколку се анализираат носителите на највисоките државни функции во Република Бугарија ќе видиме еден агресивен на моменти дури и непријателски тон. Џамбаски е една персонификација на таков политичар кој што не извршува висока државна функција меѓутоа разликата помеѓу овој политичар и останатите високи политичари во Република Бугарија се сведуваат на нијанси.

Во Република Македонија заради фактот што ние на некој начин се наоѓаме во подредена состојба, тие се а ние не сме членка на ЕУ, тие имаат право на вето и можат да ни ги попречат остварувањата на нашите највисоки интереси, укажа тој.

Тој посочи дека за неколку дена граѓаните ќе бидат сведоци на едно утро, еден настан кој што може да ескалира поради провокација од Бугарија, а тоа е денот односно роденденот на Гоце Делчев.

Кога зборуваме за пристапот на институциите во смисла на седницата на Советот за безбедност и обраќањето во таа смисла која што следуваше после овој состанок, после оваа средба, јас тргнувам од фактот дека верувам, претпоставувам и се надевам дека институциите на државата имаат информации и врз основа на тие информации ги носат одлуките, нагласи Спасеновски.

Тој укажа дека сака да верува дека проценката на клучните носители кои што беа дел од Советот на безбедност се реални. И се надева дека на 4-ти февруари нема да има ескалација на настани.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.