Професорот на правниот факултет од Скопје, Александар Спаесновски и архимандритот од Бигорскиот манастир отец Доситеј имале средба со Вселенскиот патријарх Вартоломеј во Грција. Спасеновски бил гостин на дел од настаните што беа организирани за време на посетата на Вартоломеј на Грција, каде и разговарале со Вселенскиот патријарх. Како што објави Бигорскиот манастир,Спасеновски и Отец Доситеј му се заблагодариле на Патријархот за неговата грижа за Црквата и за историската и визионерска одлука со која ја призна каноничнста на МПЦ-ОА.

Професорот Спасеновски во изјава за американското радио „Флорида“ ја потенцирал благодарност до организаторите на овој настан за поканата да бидат дел од посетата на Вселенскиот Патријарх.

-За нас како луѓе кои за прв пат имаат можност да се сретат со личности од Вселенската Патријаршија по историската одлука од 9 мај, овој настан претставува повод за да ја искажеме својата благодарност од историската одлука на Вселенската Патријаршија за признавање на канонскиот статус на нашата Црква… Конечно се надевам и дека ќе можеме да ги споделиме нашите очекувања дека финалето на овој историски процес којшто започна на 9 мај успешно ќе биде заокружен на 12 јуни, кога нашиот Архиепископ и нашите верници ќе имаат можност во седиштето на Вселенската Патријаршија да бидат дел од историскиот настан во кој заедно ќе сослужуваат нашиот Архиепископ Стефан и Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, изјавил Спасеновски.

Отец Доситеј и проф. Александар разговарале и со Митрополитот на Касандрија г. Никодим, со Игуменот на Манастирот Влатадон Епископот Аморејски г. Никифор, со архонот на Вселенската Патријаршија г. Анастасиј Масторјани, со префектот на Халкидики г. Јанис Јоргос, со градоначалник на Неа Пропонтида г. Манолис Карас.

Инаку, Вартоломеј вчера попладне одржал поздравен говор на Универзитетот Аристотел во Солун на теолошката конференција организирана во негова чест. Притоа, сите учесници на конференцијата го поздравиле и му честитале за одлуката од 9 мај оваа година, со која тој ја прими Охридската Архиепископија во канонско и евхаристиско единство.

Вселенскиот патријар посетата на Грција ќе ја заврши со посета на Света Гора.

Имено, Неговата Сесветост Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј остварува патријаршиска посета на повеќе места во Северна Грција. Неговото патување започна од Драма и Солун, а ќе заврши на Света Гора, каде ќе се задржи до недела.

Во неговата програма беа вклучени повеќе манифестации во местата што ги посетува, а во Манастирот Вознесение Господово во Драма, Патријархот изврши трисагија за неодамна блаженоупокоениот Митрополит Драмски Павле.

Една од станиците на неговата посета беше и Светиот патријаршиски Манастир Влатадон во Солун. Вчера попладне тој одржа поздравен говор во Салата за свечености на Универзитетот Аристотел во Солун на теолошката конференција организирана во негова чест. Притоа, сите учесници на конференцијата го поздравија и му честитаа за одлуката од 9 мај оваа година, со која тој ја прими Охридската Архиепископија во канонско и евхаристиско единство.

Денеска, на својот пат кон Света Гора, Патријархот Вартоломеј застана во Неа Тенедос, за да ја посети изложбата на реликвии од островот Тенедос, во внатрешноста на храмот „Успение на Пресвета Богородица“. Попладнево, тој ја посети и Неа Триглиа, каде беше прогласен за почесен граѓанин на општина Неа Пропонтида и му беше претставен плоштадот пред општинскиот театар, кој почесно е наречен со неговото име.

На денешните настани во Неа Тенедос и Неа Триглиа беше поканет и професорот од Правниот факултет во Скопје и поранешен пратеник во Собранието, проф. д-р Александар Спасеновски, кој за свој придружник го имаше нашиот собрат Архимандрит Доситеј. Притоа, нашите претставници имаа можност накратко да се сретнат и со Неговата Сесветост и срдечно и лично му се заблагодарат на Патријархот за неговата татковска грижа за Црквата и за „историската и визионерска одлука“ со која ја призна каноничнста на нашата Црква.

Во оваа прилика професорот Спасеновски даде своја изјава за американското радио „Флорида“ во која ја истакна благодарноста кон Вселенската Патријаршија и кон личноста на Вселенскиот Патријарх:

„Благодарност до организаторите на овој настан за поканата да бидеме дел од посетата на Вселенскиот Патријарх. За нас како луѓе кои за прв пат имаат можност да се сретат со личности од Вселенската Патријаршија по историската одлука од 9 мај, овој настан претставува повод за да ја искажеме својата благодарност од историската одлука на Вселенската Патријаршија за признавање на канонскиот статус на нашата Црква… Конечно се надевам и дека ќе можеме да ги споделиме нашите очекувања дека финалето на овој историски процес којшто започна на 9 мај успешно ќе биде заокружен на 12 јуни, кога нашиот Архиепископ и нашите верници ќе имаат можност во седиштето на Вселенската Патријаршија да бидат дел од историскиот настан во кој заедно ќе сослужуваат нашиот Архиепископ Стефан и Вселенскиот Патријарх Вартоломеј“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.