Лена Спасеновска Поповска регионален претставник на СОНК во емисијата 24 Отворено истакна дека покачувањето на платите од 10% за нив не значи ништо и единствено позитивно е што е ставено на хартија.
На средбата ни беше кажано усно и ние не можевме да излезе пред членството и да потврдиме. Ние сакаме и официјално да го добиеме тие записници, а не преку социјалните мрежи. Веќе кружи одлуката да се пресметува платата и членството ме информира дека не се задоволни од она што се случило во владата. Не мислам дека се брза зошто два месеца преговараме на оваа тема, не добивме никаква понуда и за тоа време се покачија цените. И тие 18 000 се сретства за преживување. – рече Спасеновска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.