Кирил Гајдов, член на Советот на Општина Велес од СДСМ, си поднесе неотповиклива оставка од советничката функција. Причината за поднесената оставка, Гајдов вели дека е поради поразот на неговата партија на претседателските и парламентарните избори.

Причината е повеќе од очигледна и јасна. Кога човек е долги години во политика и кога ќе биде поразен, како што јас и мојата политичка опција сме поразени на изборите кои поминаа, сфаќа дека ја изгубил поддршката од граѓаните на Велес и се повлекува со цел да овозможи нови, млади или помалку искусни кадри да се профилираат, да се пронајдат себеси во некои идни времиња“, вели Гајдов во изјава за порталот „Дума“.

Суштината, според него, е и малку подлабока од причина што многу работи, како што вели, се искажаа во кампањата, се потиснаа, многу работи се пласираа.

Според Гајдов, една работа е суштински вистинита и СДСМ треба да го прави во иднина, а тоа е многу да внимава на кадровските решенија и понуди што ќе ги има не само на локално, туку и на државно ниво.

Поразот на претседателските и парламентарни избори донесе оставки во СДСМ и на заменик-претседателката Сања Лукаревска, потпретседателите Фатмир Битиќи и Перо Костадинов, како и претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Јованка Тренчевска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.