Социјалистичката партија на Македонија целосно ја поддржува проф. д-р Гордана Силјановска Давкова за претседател на Македонија и им укажува на членството и на граѓаните дека единствено таа заслужува да ја води државата.
Иако Давкова е втора на гласачкото ливче таа на изборите ќе биде прва и ќе победи со мнозинство гласови од граѓаните кои ќе и го доверат мандатот за претседател на државата.
Социјалистичката партија на Македонија му порачува на членството и на македонските граѓаните дека не треба да се поддржи Стево Пендаровски да биде повторно избран на функцијата која ја врши. Иако е избран за прв на гласачкото ливче тоа треба се избегне и да се внимава за да не се заокружи единицата.
Социјалистичката партија на Македонија укажува дека единствен реален избор на граѓаните е кандидатката на Коалицијата “Обнова на Македонија” проф. д-р Гордана Силјановска Давкова со што ќе се обезбеди реалната иднина и просперитет на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.