Поради големи одрони на патот Македонска Каменица – Кочани сообраќајот се одвива по една лента, информираа од подружницата на Македонија Пат.
На овој патен правец кој е дел од магистралата А3, утринава паднале поголеми одрони кои го попречиле целиот коловоз, но за среќа нема повредени лица и оштетени возила погодени од камењата, за МИА информираат возачи кои се наоѓале на местото на настанот кога паднале одроните.
Воeдно, утринава влошена е состојбата и на регионалниот пат Делчево – Берово каде на дел од коловозите на оваа делница, паднати дрвја го попречуваат движењето на возилата. Таму од утрово со моторна механизација екипи на подружницата на Македонија Пат се вклучени во сечење и расчистување на паднатите дрвја.
Тие апелираат на овие делници да се вози крајно внимателно со почитување на сообраќајната сигнализација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.