Почина таткото на познатиот бизнисмен и поранешен вицепремиер Кочо Анѓушев, Ангел Анѓушев.

Ангел Анѓушев, по кратко боледување, починал на 82 години, во болницата Филип Втори, каде бил примен минатата недела по влошување на здравствената состојба.

Својот работен век го поминал како референт во некогашната велешка текстилна фабрика „Нонча Камишова“.

Погребот ќе биде извршен во сабота во 13 часот на градските гробишта Св. Спас во родниот Велес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.