Македонскиот ајвар е избран за најдобро мезе од зеленчук во светот за 2023 година.

Листата ја состави „Taste Atlas Awards“ од каде што ги доделија наградите во повеќе различни категории.

Овој традиционален рецепт од пиперки и модар патлиџан е еден од најпопуларните низ целиот Балкан и Источна Европа.

 

Најценетиот вид ајвар е македонскиот, кој се прави само со црвени пиперки.

 

Иако неговото потекло често се оспорува, се вели дека името ајвар потекнува од турскиот збор havyar, што значи кавијар“, стои во описот на Фејсбук.

makedonskiot-ajvar-e-izbran-za-najdobro-meze-vo-svetot-za-2023-ta-03.jpg

Покрај македонскиот ајвар, кој доби оценка 4.52, на листата се уште пет јадења, односно мезиња од зеленчук и тоа специјалитети кои потекнуваат од Хаити, Бугарија и Романија, но тука е и македонскиот пинџур кој се наоѓа на четвртото место, со оценка 4.26.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.