СОНК очекува денеска покана за преговори со Владата, вели синдикалниот лидер Јаким Неделков за МКД.мк. Тој вели дека до СОНК пристигнуваат пријави за отворени притисоци од страна на директорите врз наставниците за да отпочнат со настава.

За секој поединечен случај прибираме докази и доколку пријавите бидат потврдени соодветно ќе реагираме, вели Неделков и додава дека во СОНК пристигнале пријави од наставници кои се пожалиле дека директорите им вршат притисок да организираат настава „како знаат и умеат“.

Работа на СОНК е штрајкот да го реализира онака како што е зацртан и по сите правила, а министерството нека си ја тера својата работа. Но не се во ред заплашувања на наставниците. Тие реагираат затоа што некаде им се закануваат со одземање на дневниците за време на штрајкот или пак со работење во летни месеци. Како и да е, наши претставници ги посетуваат училиштата, имаме редовна комуникација со нашите претставници во училиштата, собираме докази, нагласува Неделков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.