Порталот Брегалнички.мк врз основа на информации доставени до нив од страна на засегнати родители, информира за сомнителна набавка на ученички униформи за потребите на наставниот процес во оваа гимназија во Делчево.

Имено од посведочената ситуација која што се случувала набавени се униформи за учениците во гимназијата за кои што во јавноста нема информација на кој начин се набавувани, од чија страна било утврдено дека учениците треба да носат ученички униформи, од кој добавувач и по која цена се набавени униформите, на кој начин биле прибирани парите за набавка на униформите и на кој начин биле исплаќани на сметка на добавувачот, дали сумата која е плаќана е реална и дали сите ученици имале пари да платат за униформите, зошто не е спроведена поевтина варијанта како што пред неколку години предлагаше поранешниот директор на гимназијата да се набави соодветен материјал а учениците во рамки на текстилната струка сами да ги сошијат униформите што би било многу поевтино и со поголем однос на одговорност на учениците кон своите униформи…

Целиот текст овде.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.