До Институтот за јавно здравје во текот на денот треба да пристигне примерок за тестирање на сомнителен случај на мајмунски сипаници.

Пациентот е од Кичево, во добра здравствена состојба и нема потреба од хоспитализација, соопшти претседателот на Комисијата за заразни болести (КЗБ), Александар Петличковски.

Пациентот е лоциран. Контактиран е од надлежниот епидемиолог во Битола и првичната епидемиолошка анкета е завршена. Имаме достапни тестови и во ИЈЗ треба да имаме одговор дали се работи за мајмунски сипаници – изјави Петличковски за Сител Телевизија.

Пациентот од Кичево пред неколку дена добил осип на телото, што е еден од симптомите на мајмунски сипаници

Претседателот на КЗБ додаде дека се направени првични лабораториски анализи, а Комисијата попладнево ќе одржи состанок за состојбата со мајмунските сипаници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.