Директорката на Детската клиника Аспазија Софијанова испрати уште едно соопштение во врска со вчерашниот настан, кога новинарот на ТВ Клан Фуркан Салиу побара од неа да потврди дека земала надоместоци за дежурства повисоки од основната плата, а притоа не присуствувала на дежурствата.
Во ова соопштение, испратено од Детската клиника, а потпишано до директоката, таа објаснува дека надоместоците за дежурства се целосно регулирани платите и приходите на сите вработени во Клиниката за детски болести се нормативно регулирани.
Клиниката за детски болести сака да ја информира јавноста дека месечната исплата на надоместоци на вработените се извршува со примена на Законот за здравствена заштита, каде што истите се утврдени во:
1. Член 216 – Дежурство
2. Член 217 – Посебен случај на дежурство
3. Член 218 – Готовност
4. Член 219 – Плата и дел од плата за работна успешност, и
5. Член 220 – Додаток за работа во дежурство и готовност
Во овие членови е јасно наведено во кои околности и услови се исплаќаат надоместоците, за дежурствата кои се целосно утврдени, за состојба на готовност кога здравствениот работник треба да биде 24/7 достапен на телефон или со други сретства за комуникација, како и за сите останати надоместоци.
Сакаме да укажеме дека пресметката за надоместоците на директорката Аспазија Софијанова никогаш не била исплатена со надоместоци во износите кои беа на одредни документи презентирани во јавноста.
Клиниката за детски болести како институција секогаш била отворена за транспаретна соработка со медиумите дури и во ситуации кога нашето време било потребно на друго место имајќи ја во предив нашата приоритетна работа грижата за здравјето на пациентите.
На крајот изразуваме жалење за начинот на комуникација во текот на вчерашниот ден, стои во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.