Договорот за добрососедство со Република Бугарија е прекршен во најмалку два члена, што е основа за раскинување на истиот, тврди Софија Куновска, поранешна пратеничка на СДСМ, после минатиот „ванчомихајловистички викенд” во Битола.

Во објава на Фејсбук, Куновска ги цитира одредбите од Договорот што се прекршени:

Член 8, точка 3: Двете договорни страни ќе организираат со заемна согласност заеднички чествувања на заеднички историски настани и личности, насочени кон зајакнување на добрососедските односи во духот на европските вредности. Член 11, точка 1: Ниту една од договорните страни нема да презема, поттикнува и поддржува дејствија, насочени против другата земја, кои имаат непријателски карактер. Државна делегација на Република Бугарија, предвоена од премиерот Кирил Петков, во саботата присуствуваше на промоцијата на клубот ‘Иван Михајлов‘ во Битола. Иван Ванчо Михајлов е познат по својата ролја на соработник на фашистите во Втората светска војна и несуден квислинг, односно творец на независна македонска држава под закрила на Третиот рајх“, пишува Куновска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.