Во името на граѓаните и Владата на Република Македонија оддаваме почит и длабоко сочувство до Владата на Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и нејзиниот народ по повод смртта на нејзиното височество Кралицата Елизабета II, стои во пораката со сочувство упатена вечерва од Владата.

Кралицата Елизабета II, беше составен дел од современата историја и сведок на неверојатни општествени пресврти и трансформации во изминативе 70 години. Нејзиното владеење беше сведок и светол факел врз планетарното освестување и транзиција кон демократски системи ширум светот.

Истовремено во овие трезвени моменти даваме почит и поддршка за нашиот долгогодишен пријател, Кралот Чарлс III, заедно со новата Влада предводена од нејзината екселенција Лиз Трус, со надеж за понатамошна уште поинтензивна соработка помеѓу нашите пријателски народи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.