Со длабока тага ја примив веста за прераното напуштање на овој свет на поранешниот амбасадор Наим Мемети, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Тој испраќа сочувство до неговата фамилија, пријатели и колеги.

Поранешниот амбасадор на Македонија во Данска, денеска доживеал срцев удар додека бил на петочната молитва во џамија во родното Тетово. Тој имаше 44 години.

Мемети беше амбасадор на Македонија во Данска во периодот од 2014 до 2018 година. По професија правник, Мемети беше испратен за амбасадор како кадар на Демократската унија за интеграција (ДУИ).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.