Министерот за правда Никола Тупанчески вели дека не чуствува потреба дека треба да поднесе оставка, бидејќи не е прекршен етичкиот кодекс поради тоа што патувал и го следел фудбалскиот натпревар Македонија – Италија.

Антикорупциската комисија слободно нека го истражува случајот, а јас ќе ги приложам сите сметки и извршени трансакции таму каде што треба. Точно е дека летав со авионот на фудбалската федерација, но, авионскиот билет и картата за мечот во Палермо сам си го платив, вели министерот Тупанчески во интервју за емисијата „Трилинг“ на ТВ 24.

Додава дека трошоците за ова патување му биле испорачани од агенцијата што го организирала патувањето.

Не сум сигурен дека комуникацијата со новинарите треба да оди со доставување на докази. Знам што значи транспарентност и одговорност. Доказ имам за трошоците и тоа ќе биде дел од информацијата што ја побара Владата. Таа е надлежна за спроведување на кодексот на етичко однесување на владините членови, рече министерот.

Појаснува дека не патувал со обезбедување или буџетски средства, ниту со службено возило, ниту пак ја користел дипломатската исправа.

Како се најдов во авионот за Палермо? Ја замолив ФФМ да дадат на кој начин ги бираат луѓето што ја придружуваат Федерацијата. Ова се пишани и непишани правила од повисоки институции, во случајов УЕФА и ФИФА. Секогаш фудбалската репрезентација организира вакви патувања. Зошто баш јас? Селекцијата ја прави ФФМ. Во таа делегација влегуваат над 200 луѓе покрај фудбалерите кои патуваат. Јас сум меѓу ретките кој инсистирав да биде платено. Пред да патувам погледнав дали нешто постои што е во колизија со кодексот на етичкото однесување, вели Тупанчески.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.