Собранието денеска во второ читање ги усвои измените на Законот за минимална плата со кои се дефинираат условите за минималната плата од 18.000 денари. Тие треба да почнат да се применуваат со мартовската плата што ќе се исплати во месец април. Законот за минимална плата беше изгласан со 90 гласа ЗА, без против и воздржани.

Со законските измени, се очекува околу 80 илјади работници во април да земат покачена минимална плата. За помош на фирмите за зголемување на минималната плата во буџетот се предвидени 16 милиони евра, кои ќе се искористат за покривање на разликата во придонесите во првата година.

Со измените се менува и методологијата за годишното усогласување на минималната плата, па така ќе има тековно усогласување на минималната плата со годишниот раст на просечната плата и на трошоците за живот. Висината на минималната плата не смее да биде пониска од 57 отсто од просечната плата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.