Собранието на 117 седница ја донесе предлог одлуката за продолжување кризната состојба на дел од територијата на државата заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти.

Пратениците со 73 гласа „за“ ја усвои „Предлог на одлука за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на  Македонија, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Р.Македонија и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на постоење на пандемија прогласена од светската здравствена организација САРС-Ков-2 и спречување од негово ширење со кој се загрозува безбедноста и имотот на населението“.

Ова е ново продолжување од шест месеци на одлуката донесена пред повеќе месеци.

Собранието го донесе предлог законот за изменување и дополнување на Законот за матичната евиденција, по скратена постапка, со кој се овозможува законска основа до крајот на годинава над 700 лица во земјава, претежно од Ромска националност кои се неевидентирани да бидат запишани во Матичната книга на родените.

Во Собранието, освен 117 седница, денеска беа закажани продолженија на десетина седници и тоа 41, 66, 91, 95, 99, 100, 111, 112 и 115 седница на Собранието.

Пратениците ја донесоа одлуката за испраќање на припадници на Армијата за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина, предлог – одлука за испраќање на припадник на Армијата за учество во меѓународната операција на Европската Унија „EUTM RCA“ во Централноафриканската Република, како и предлог одлуката за испраќање на припадници на Армијата за учество во меѓународната операција на Организацијата на Обединетите нации „УНИФИЛ“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.