Со СДС и ДУИ и оваа година ниту еден универзитет од Македонија не е во првите 1.000 на Шангајската листа, образованието тоне, реагираат од ВМРО ДПМНЕ.

Додека универзитетите од регионот напредуваат на листата најдобри универзитети, од Македонија нема ниту еден универзитет во првите 1.000.

СДС е партијата која ветуваше подобар студентски стандард, подобри услови за студирање, квалитетно образование, студентски град и што ли уште не. Шест години подоцна ништо од тоа што ветуваа не исполнија, напротив и тоа што беше добро и функционираше го упропастија.

Младите се повеќе си заминуваат од државата затоа што системот целосно пропаѓа. Потребен е рестарт и нови политики кои ќе донесат промени и резултати, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.