„Малата Македонија е со 31 друга држава заедно на иста маса, со најголемите во НАТО. Клучниот дел од договорот со кој е направена таа организција вели дека никој не смее да нападне ниту една членка, бидејќи нападот на една членка се смета за напад на сите“ рече претседателот Стево Пендаровски на граѓанскиот митинг во Гевгелија.

Тој додаде дека членството во НАТО е на исто рамниште со независноста, бидејќи едно е да декларирате независност, како што направивме на 8 септември 1991 година, а сосема друго е таа независност да биде гарантирана од највисоките структури во меѓународната политика.

„Во овој момент, малата Македонија со одвај 1,8 милиони жители, седи на иста маса со колосите во меѓународната политика – Америка, Канада, Франција, Германија, Велика Британија и многу други“ рече Пендаровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.