Продолжуваат заканите од Бугарија, и тоа од политички активисти кои имаат забранет влез во Македонија. Последната е против новинарот на Канал 5 Александар Видиновски по објава на неговата репортажа со соговорници, Македонци од Мала Преспа во Албанија, во врска со пописот во Албанија во кој за прв пат се појавуваат како Бугари, и тоа од редовите на граѓани кои на претходните пописи се изјасниле како Македонци.

Според изјавите на Македонците од репортажата на Видиновски тоа е резултат на силна бугарска пропаганда во Албанија како и негрижа на државата Македонија за одржување културен идентитет на Македонците во Албанија.

Во својот коментар на репортажата бугарскиот политички активист Виктор Стојанов му се заканува на новинарот Александар Видиновски со кривичен прогон и со притвор. Да потстетиме, спомнатиот активист Виктор Стојанов, политички и финансиски е поддржан од бугарските власти и подолг период е поддржувач на бугарската пропаганда и во Македонија, каде што веќе една година му е забранет влезот во државава.

Заканата со кривичен прогон и притвор за македонскиот новинар Александар Видиновски од Канал 5 воопшто не е само вербална писмена закана затоа што во минатото таквите закани навистина предизвикале и правни последици.

Поранешниот министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, по вакви закани до бугарското обвинителство поднесе кривични пријави против тогашниот главен и одговорен уредник на Сител Драган Павловиќ Латас за вербален деликт.

Македонската Асоцијација на новинари, МАН, повикува на поддршка од страна на јавноста но, и на новинарската струка во Македонија, за новинарот Александар Видиновски и телевизијата Канал 5 во одбрана на неговите професионални права и поддршка за крајно професионално однесување во изработка и објава на спомнатата репортажа од Мала Преспа во Албанија.

Воедно, Македонската асоцијација на новинари МАН, во оваа прилика, дава поддршка за ваквите новинарски трудови, најценетите во новинарството, како што се репортажите и аналитичките осврти.

Канал 5 и Телевизија Алфа како и весникот Нова Македонија, од редот на медиумите, се најистакнатите примери за другите во областа на репртажите и политичките анализи и, поради тоа, најчесто на удар на неистомислениците кои немаат одговоир на изнесените факти туку се закануваат со прогони или насилства.

Ја имаат нашата, и поддршката од јавноста, во својата професионалност.

МАН – Македонска асоцијација на новинари

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.