Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов ја поздрави испратената помош за Украина, од страна на фондацијата на поранешниот премиер Зоран Заев.

Во Украина беснее војна, таму има многу гладни луѓе. Се сложувам дека таква помош е потребна и во Македонија. Но еве, да го повикаме поранешниот премиер, следната пратка да ја направи во земјава, рече вчера Ангелов во емисијата „Заспиј ако можеш“, како одговор на прашање од водителите.

Поранешниот премиер Зоран Заев вчера објави дека преку Фондацијата „Заев – Едно општество за сите” испратени се 20 тони производи македонска хуманитарна помош за војската и за цивилното население во Украина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.