На денешниот состанок на Централното претседателство на Алтернатива се разговарало за името на кандидатот на Алтернатива за министер во Министерството за европски прашања, притоа едногласно се одлучи кандидат на Алтернатива за овој ресор да биде Орхан Муртезани, поранешен Генерален директор во МЕПСО и во Македонски Железници – Транспорт, како и актуелен Секретар за односи со јавноста и Портпарол на Алтернатива.

На оваа средба се разговарало и за кандидатот за заменик министер на Министерството за образование и наука, каде исто така едногласно е одлучено да биде Проф. д-р. Лулзим Алиу, универзитетски професор и продекан на Педагошкиот факултет, поранешен заменик министер за образование, а моментално секретар на Секретаријатот за стратегиски политики во Алтернатива.

Бидејќи Алтернатива презеде одговорност и за заменик-министерот во Министерството за етнички заедници, за ова име Централното претседателство едногласно одлучи кандидат на Алтернатива за оваа функција да биде Сафије Садики Шаини – универзитетски професор, поранешен пратеник и  потпретседателка на Алтернатива.

На средбата се разговарало и за оставката на поранешниот претседател на Алтернатива, Африм Гаши, кој е избран на функцијата Претседател на Собранието на Република Македонија. Судејќи дека во интерес на партиското претставување е партијата да и претседател со полн легитимитет, Централното претседателство на Алтернативата одлучи да му предложи на Централното собрание да донесе одлука за организирање на вонреден конгрес за избор на новиот претседател на Алтернатива.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.