Пратеничката од шестата изборна единица и кандидатка за претседател на СДСМ, Славјанка Петровска денеска ги посети жителите во населеното место Сиричино, општина Јегуновце едно од местата каде имаше најголеми штети од вчерашното невреме.
Петровска посети неколку семејства и една приватна компанија, кои синоќа претрпеа големи штети од невремето.
Страшни се последиците по имотите од вчерашното силно невреме што го зафат овој крај.
Упатувам апел до општината во рамки на своите надлежности во брз рок да обезбеди надомест за да се санираат штетите, а јас како пратеничка во Собранието ќе ги искористам сите свои ингеренции да се изборам за финансиски надомест и од страна на централните институции.
Временските непогоди не можеме да ги предвидиме и пресретнеме, но со заедничка помош и поддршка можеме полесно да ги надминеме штетите и последиците“ рече Петровска пред жителите на Сиричино.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.