Синдикат на Македонска Полиција (СМП) до ОЈО за ГОКК Скопје поднесе кривична пријава против лицето В.С од Делчево – Началник на одделение во организациска единица при Регионален Центар за Гранични Работи Исток а кој во периодот на сторување на казненото дело бил назначен и ангажиран како „Заменик претседател на комисија за утврдување на дисциплинска одоговорност во ОГРМ, РЦ за ГР Север и РЦ з ГР Исток” и Членовите на комисијата, заради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело несовесно работење во службата казниво по чл.353-в од Кривичниот законик.

Имено, во деновите 06.12.2022г, 28.02.2023г, 29.08.2023г и 01.09.2023г, во четири последователни наврати, првопријавениот, во својство на овластено службено лице – Заменик претседател на комисија за утврдување на дисциплинска одговорност во ОГРМ, РЦ за ГР Север и РЦ за ГР Исток, организирал закажување и одржување на дисциплински расправи за предмети со извршени  „фингирани повреди” од како наводно сторени на денови а во кои работник и синдикален претставник, воопшто и не бил на работното место односно при неговото користење на (Одмор) оправдано отсуство од работа, од страна на В.С е извршено грубо незаконско и недозволено вмешување во работата на Синдикат, со тоа што истиот постапил од интерес за остварување на  некаква  корист, кога им удоволил остварување  (приватен интерес) на две физички лица – Министер за внатрешни работи (Оливер Спасовски) и на лицето О.К синдикален претставник/претседател на СПМ, со тоа што овозможил да со невистинити наводи се изврши незаконита постапка при ненадлежност за утврдување на институтите  „Навреда и Клевета” со кое извршил класична и еклатантна злоупотреба на службена положба и овластување при вршењето на работи кога: Истиот извршил повреда на законските прописи и пропуштање на должниот надзор за  прибавување на корист за себе и друг, и со употреба  на дискреционо  овластување преку потешко повредување на  правата  за очигледна  намера  прибавување на корист  со  нанесување  штета на друг – спротивно на чл. 67 ст 1 од Законот за спречување на корупција и судирот на интереси (Сл весник на РМ,12/2019), велат од СПМ.

Со ова, потенцираат од СПМ, пријавениот заменик претседател на комисија грубо ја прекршил, односно намерно не ја испочитувал императивната законска обврска за должно пријавување на приватен интерес – стипулирана во чл. 73 од цитираниот ЗСКСИ (2019), како антикорупциски  lex specialis,  па против  законски  се самопределил во месно стварно надлежен  орган  за утврдување на одоговорност за наводно изнесени некакви навреди од страна на (синдикален претставник) – на начин  со постирање на изјави (укажување на незаконско и непрофесионално постапување) преку  социјални мрежи и за кое пријавениот  превземал дејствија од утврдување на нанесена  штета на честа и угледот на физичко и правно лице  од  институтите “Навреда и Клевета” спротивно на чл. 21 од Законот за граѓанска одоговорност за навреда и клевета.

Првопријавениот  заедно со второ пријавените – членовите на комисијата со цел да го остварат интересот за себе извршиле упишување на службено патување за (дневници) и прекувремени  работни часови  со цел  да се стекнат со материјална корист овозможувајќи си додатоци кои ги пријавиле за исплата на повисока плата, за што  пријавените свесно и го пропуштиле должниот надзор. Истовремено, со ова неморално, непрофесионално и незаконито  дејствие кое го превземале  првопријавениот и второ пријавените , иако неможеле и несмееле да го превземат – тие  го повредиле  обрзувачкиот чл 7 од ЗВР – Начело на законитост (Работниците во Министерството) ги вршат работите и работните задачи во согласност со Уставот на Република Македонија, закон, други прописи донесени врз основа на закон и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот на Република Македонија), чл.4 ст.6 од Етичкиот Кодекс за Однесување на Работниците во МВР – (Постапување согласно овластувањата и статусот). како и чл.7 од ЕКОР во МВР, при постапување во конкретни предмети и донесување на конкретни одлуки работниците не се раководат  од погрешна, неправилна  и неразумна оцена на фактичката состојба заради предрасуди, остварување на амбиции за напредување во кариерата, судир на интереси, закани од претпоставените работници или лицата кои се засегнати во конретниот случај), велат од СПМ.

Потенцираат дека пријавените, иако знаеле односно морале да знаат дека заедно превземаат  незаконити  дејствија од недозволено изигрување на правните прописи  со примена и употреба на Упатство  за начинот на користење на социјалните мрежи од страна на работниците во МВР, кое што нема стекнато правноважечки статус, а кое  воопшто не ги содржи потребните правни елементи што треба еден акт да го направат пропис и кој не е објавен во службеното  гласило  на Службен весник на Република Македонија, со вака преземените дејствија,  свесно постапувајќи на штета на министерството, интересите на службата и нејзиното правилно исполнување ги супституирале со интересите на трети лица.

Сите пријавени организирано постапиле во спротивно  од  совесно должно  постапување, со тоа што истите иако месно стварно ненадлежни  се ставиле во улога на надлежен суд за да утврдуваат наводно нанесена штета по” Углед на физичко и правно лице” и кога  првопријавениот ја искористил функцијата со вршење на влијание за  местење на исходи  од цел изрекување на ПАРИЧНИ КАЗНИ и тоа повеќекратно од 4 (пати) во ист  предложен износ од минус  15% од последна исплатена месечна нето плата во траење од 6 (шест) месеци, со што и сакано на оштетениот полициски службеник и синдикален претставник -Д.С злонамерно му е предизвикана и нанесена  материјална штета во вкупна висина од околу 100.000 денари, како и друга нематеријална штета. Во однос на вршењето на злоупотреби на службени положби и овластувања во МВР за попречување и кршење на работните права, сакаме да потсетиме дека во периодот од 2017г до 2023г највисокото раководство со иницирање во овој период  на  предизвикување тужби, од буџетот на РМ се исплатени надоместоци на штети  по разни основи во висина од над 22 милиони евра, велат од СПМ.

СМП ја повикува внатрешната конторола на МВР непристрасно да го истражи наведеното  и  откако ќе ја утврди фактичката состојба против посочените да превземе соодветни мерки за изрекување на  најстроги санкции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.