Бизнисменот Аљуш Кока, татко на Цуфи Кока, кој беше уапсен за време на протестите во Скопје кај плоштадот Скендербег откако пукаше со пиштол пред демонстрантите, бара неговиот син да биде ослободен од затвор.

Во интервју за Еуроњуз Албанија, бизнисменот вели дека неговиот син бил принуден да пука со пиштол во воздух за да ги одбие, како што вели тој, хулиганите кои почнале да го оштетуваат неговиот хотел. Според него, се било за самоодбрана и немало никакво сценарио.

Тој подвлекува дека државата никогаш не реагирала за да се идентификуваат лицата кои вршат такви дела, како што е уништување на албански имот.

Го зеле момчето и веднаш го уапсиле. Од социјалните мрежи дознав дека нешто се случува во мојот објект. Веднаш дојдов, имаше голема гужва, полиција. Ми кажаа дека и мојот син е уапсен. Ја известивме полицијата пред 2-3 дена и усно. Знаевме дека ќе имаме последици бидејќи хулиганите денес не се сами. Насилства има и во парламентот, насилство има и на албански имоти. Никој од државата не побара да се идентификуваат кои се тие луѓе. Не сум против демонстрантите, но не треба да им наштетат на нашите имоти, рече тој.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.