Македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова денеска се сретна со претседателот на Соединетите американски држави Џо Бајден и неговата сопруга Џил.

Срдечен поздрав во знак на меѓусебно разбирање и поддршка. Изразив восхит од инспиративните обраќања на претседателот Бајден и неговата сопруга Џил на приемот за шефови на држави, напиша Силјановска Давкова во објавата на Фејсбук.

Таа во Њујорк присуствувала на приемот што го приредиле претседателот и првата дама на САД за шефовите на делегациите на Генералното собрание на Обединетите нации.

Претседателката вчера имаше обраќање на 79. Генералното собрание на ОН во Њујорк.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.