Професор Гордана Силјановска Давкова, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешното гостување на телевизија 24 во емисијата студио 10 рече дека ако за уставни измени е потребно двотретинско прво треба да се испита дали го има истото, бидејќи тој основен консензус е многу важен за да влезете во таква игра.

Непристојно, неполитички, ненаучно е да се влезе во уставни измени, па во текот на расправата ќе се трага по две третинско мнозинство. Тоа не оди така. Уставот е своевидна општествена повелба и консензусот е многу важен – рече професорката.

Силјановска се осврна и на моментот зошто не би влегла во работна група за уставни измени, вака како што е сега замислена.

Прво, не мислам дека вакви големи групи се измени за гаранција, а нема консензус, а како се проверува се знае. Треба да се поднесе предлог за измени и да видите дали има основен консензус и нема да го има сега зошто сериозни пратеници не би влегле во ова, тие стојат зад својот збор. Второ, зошто воопшто не влегуваат, зошто чуден им е начинот на формирање на оваа комисија. Сите устави ги скицирале, а кај нас не оди така, ниту во 1991 не ја подготвувале професори по уставно право – рече Силјановска.

Ова што се прави тука, рече професорката, е инструментализација бидејќи власта решила како треба да се смени Уставот.

Со вакви измени не правиме ништо. Ова е само инструментализација. Се треба да се гледа системски – рече Силјановска.

Според неа секое отворање на Уставот кај нас е отворање на Пандорина кутија.

„Зошто е така? Бидејќи ние не се грижиме со правата на граѓаните, туку само се занимаваме со проблеми или се врзани со интервенции од надвор или од етничка природа. Тоа се наметнати измени или измени кои не произлегуваат од политичката реалност на Македонија“, заклучи Силјановска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.