Министерот за внатрешни работи Бујар Османи, денеска кажа дека за Влада е потребно двојно мнозинство, односно обично и Бадентер.
На ова одговори Гордана Силјановска – Давкова, кандидатот за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
На изборите има само еден победник, нема двајца победници, ниту имало, ниту треба да има, а двојно мнозинство се употребува во исклучителни ситуации кога се носат закони или се решаваат прашања кои се директно врзани за културата и идентитетот на сите сегменти. Формирањето на Владата не е такво прашање, и ние треба да имаме Влада како сите во ЕУ, а тоа најмногу треба да го заговараат оние кои се декларираат со придавката европски. Во владата треба да има место за Албанците, но и останатите етнички заедници, јас од секогаш сум го велела тоа“, изјави Силјановска-Давкова.
На изборите има само еден победник а т.н. двојно мнозинство се употребува во исклучителни ситуации кога се носат закони или се решаваат прашања кои се дирекно врзани за културата и идентитетот на сите сегменти. @Bujar_O pic.twitter.com/bxRI66Nap3
— Гордана Силјановска Давкова (@gogamkd) May 2, 2024
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.