Нема гордост без национални и државни интереси – порача кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ од митингот во скопската општина Кисела Вода. Таа рече дека Македонија не треба само да молчи пред европските челници за нестандардните услови на патот кон ЕУ, туку би им порачала дека Македонија е дел од Европа историски, географски, културно, и треба да не почитуваат исто како што ги почитуваат другите земји членки и кандидати. Таа посочи и дека актуелната власт не ужива углед.

„Затоа овие луѓе не уживаат углед и не може да ја претставуваат Македонија, не само добро, а камоли подобро и затоа Македонија не може на нив да биде горда. Бидејќи ако во секоја реченица со пет збора, во три прават грешка, тогаш тоа е голем проблем. Затоа бегаат од дебати, затоа самите си се храбрат си измислуваат, па велат ,излезете на дебата’, ама знаат што ќе им се случи на дебатата. Минатиот пат тој вратата не знаеше да ја најде“, посочи Силјановска Давкова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.